ВИДЕО: Девојката која даде необичен отказ си доби одговор

Пред неколку дена вистински хит на интернет беше Марина Шифрин која даде отказ по пат на видео на Youtube, a сега се појави и одговор од фирмата во која работеше.

Тимот од Некс Медиа Анимејшн, исто по пат на видео, одлучи да ја објасни својата страна од приказната и тоа во целост следејќи го урнекот кој Шифрин им го остави: за музичка позадина исто ја употребија песната „Gone“ од Каније Вест, исто го покажаа своите танцувачки можности и исто го снимија видеото во канцеларија.

 Во видеото поставено на Youtube  тој одговори на нејзините обвинувања, тврдејќи дека ручаат зад работното биро бидејќи во близина нема ресторан, но и демонстрираа колку добро се забавуваат бидејќи имаат и базен и сауна.

Погледнете...

 

02.10.2013 - 10:23

најчитано сега