Србија: Разбиена криминлна група за шверц на луѓе во ЕУ
Полицијата во Србија во рамките на меѓународна акција уапси десет членови на организирана криминална група, што илегално пренесувала лица од подрачјето на Косово, Сирија и африканско-азискиот регон на територијата на ЕУ, објави РТС.
Како што наведува РТС, припадници на криминалната полиција во меѓународна акција привеле десет членови на организирана криминална група.
Акцијата е спроведена на територијата на цела Србија. Постои основано сомнение дека групата од јули до октомври годинава илегално пренела голем број лица од Косово, Сирија и африканско-азискиот регион на подрачјето на Европската унија.
Групата за пренос на едно лице наплатувала од 2.100 евра до 3.500 евра
02.10.2013 - 09:12