ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ живее во минатото - Македонија има раст на БДП и најниска стапка на невработеност досега

СДСМ живее во минатото затоа и коментира резултати од минатата година.

          Годинава според податоците на Заводот за статистика, Македонија забележува раст на БДП на квартално ниво од 3,9%. И минатата година Македонија имаше еден од најдобрите економски резултати во Европа, а исто така сега со 3,9% раст на квартално ниво има трет најдобар резултат годинава. Годинава исто така според последнитеподатоци на НБРМ забележуваме раст на странските директни инвестиции од 44%. Стапката на невработеност според последните податоци на Статистика е сведена на најниско ниво досега од 28,9%.

 

          Кога СДСМ коментира статистички податоци зошто не ги коментира и овие? А уште полошо ќе поминат ако направат споредба со резултатите од нивно време, што не вреди веќе ни да се спомнуваат.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

01.10.2013 - 15:28

најчитано сега