Карабината на црквата „Света Петка“ во Прилеп ќе биде готова до крајот на годината

Финишира изградбата на карабината на големиот црковен храм „Света Петка“ во прилепската населба Точила. За ова денеска информираше градоначалникот Марјан Ристевски кој посочи дека доколку дозволат временските услови, до крајот на годината ќе биде завршена изградбата.

- Оваа црква ќе биде своевидно верско светилиште за околу 20.000 верници од тој дел на Прилеп и населбата „Точила“ и токму затоа инсистираме на што поскора доизградба, изјави Ристески.

Инаку, црквата се гради со донации од верниците, граѓаните, бизнис секторот и од буџетот на локалната самоуправа.

Наскоро се очекува да никнат уште два црковни храма - параклиси во Прилеп: едниот „Свети наум Охридски“ кај спортската сала Македонија, а другиот „Свети Константин и Елена“.

01.10.2013 - 15:13
Фото: 
Канал5

најчитано сега