Амбасадорката Шурман во посета на Илинден: Општина Илинден - „Холандија во мало“

Денеска Мариет Шурман, амбасадорката на Холандија во Републикава, ја посети општина Илинден.

За време на посетата, амбасадорката се сретна со градоначалникот на општината Жика Стојановски кој го презентираше проектот за „Интегриран пристап за урбанистичко планирање“. Проектот би се реализирал во соработка со холандска компанија која има огромно искуство и голем број реализирани проекти во областа на интегрираното урбанистичко планирање и која има можност во својата работа да користи средства од програмата на холандската Влада.

Градоначалникот Стојановски изрази задоволство од досегашната соработка со Холандија на повеќе проекти и притоа ја запозна амбасадорката со тековните активности и проекти што ги реализира Општина Илинден.

Амбасадорката Шурман го посети и Домот на културата „Илинден“, првата општинска библиотека, како и новото модуларно училиште каде што првпат се воведе средно образование во Општина Илинден.

01.10.2013 - 15:07
Фото: 
википедија.мк