Путин номиниран за „Нобеловата награда за мир"

Група руски јавни и истакнати личности формирале иницијативна група кој го номинирала претседателот на Русија, Владимир Путин за Нобеловата награда за мир.

Претседателот на Меѓународната академија за единство на народите во светот, Георгиј Трапезников, соопшти дека иницијативната група на 16 септември испратила писмо со номинацијата до Норвешкиот нобелов комитет, кој го примил дописот четири дена подоцна.

- Многу добро знаеме каква миротоврна улога имаше нашиот претседател во кризните региони, пред се во Беслан и Јужна Осетија, истакна Трапезников, објаснувајќи ги причините за номинацијата на Путин.

Еден од членовите на групата и потписник на писмото, познатиот руски пејач и пратеник во Држаната дума, Јосиф Кобзон изјави дека кога американскиот претседател Барак Обама, кој „сега се готви за напад врз Сирија“, ја доби Нобеловата награда за мир, тогаш и Путин, кој „се обидува да го запре крвопролевањето и помага во конфликтите, е достоен за такво преизнание“.

 

01.10.2013 - 14:30

најчитано сега