Неколкумина скопјани завршија во притвор поради злоупотреба на безвизниот режим

Неколку скопјани си заработија кривична пријава поради злоупотреба на безвизниот режим.

Се работи за 49-годишниот И.Н. 35-годишниот Х.С. и 40-годишниот И.Е. од Скопје кои на граничниот премин Табановце се депортирани од Србија бидејќи илегално оствариле излез од Македонија во Србија. По преземени мерки е утврдено дека претходниот ден депортираните лица, со две комби-возила заедно со И.Н. за износ од 250 евра по лице, биле превезени до село Лојане од каде И.Н со помош на три непознати лица на илегален начин ја префлиле групата во Србија, додека Х.С. и И.Е. требало да ги пренесат патните торби на депортираните во Прешево.

При извршен преглед на теренот во близина на границата се пронајдени Х.С. и И.Е. во возило со патните торби. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. 

01.10.2013 - 12:51
Фото: 
Преспањуз

најчитано сега