ФОТО: И принцезите прават грешки - Кејт Мидлтон кошулата ја облече наопаку

Војвотката Кејт Мидлтон повторно го привлече вниманието на модните критичари во Британија. Тие нејзиниот стил го нарекоа „беспрекорен“, но открија дека војвотката од Кембриџ првпат направила моден гаф, а кошулата ја облекла наопаку.

„Свилената виолетова кошула со копчиња со потпис на „Гучи“ се закопчува на грбот, а не напред. Дали сопругата на принцот Вилијам ја облече кошулата намерно погрешно или никој не ѝ кажал како се носи овој модел?“, велат тие.

За споредба, тие го покажаа оригиналниот модел на познатиот бренд, но додадоа дека заради големата панделка копчињата напред скоро и да не се забележуваат, па ефектот е совршен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега