Пратеникот Николоски ќе ги набљудува изборите во Азербејџан

Пратеникот Александар Николоски, кој е шеф на македонската делегација во Парламентарното Соберание на Совет на Европа, ќе биде член на ад-хок комисијата на ПС на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Азербеџан.

Изборите се закажани за 9 октомври оваа година, а ад- хок комисијата ќе биде во мисија од 6 до 11 октомври. Николоски ќе биде претставник на најголемата парламентарна група во ПС на Советот на Европа-групата на Европската Народна Партија.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски беше дел од ад-хок комисијата за набжудување на парламентарните избори во Бугарија во мај годинава. Ова е прв пат во нашата парламентарна историја, во иста година еден пратеник да биде дел од две мисии за мониторинг на избори определени од ПС на Советот на Европа.

- Учеството во ваква мониторинг мисија покрај меѓународно претставување на земјата, особено е значајно и за користење на искуства за подобрување и унапредување и на нашето законодавство и практики за спроведување на избори, каде досега Македонија има низа позитивни оцени, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

29.09.2013 - 11:17

најчитано сега