Венизелос пред ОН: Атина бара ерга омнес име
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос вчера во своето обраќање пред Обединетите нации ги повтори грчките позиции дека Македонија мора да прифати ново име, со географска одредница, кое би се употребувало во сите услови.
- Грција секогаш беше цврст поддржувач на европската иднина за балканскиот регион. Процесот на европската интеграција значи напуштање на менталитетот на поделби и одење кон ера на блиска соработка врз основа на поставени вредности и принципи. Ние сакаме да ги развиваме нашите односи со Поранешната Југословенска Република Македонија, врз основа на принципите на Повелбата на Обединетите нации и во рамките на добрососедските односи. Грција е посветена на тековниот процес на преговори во Обединетите нации за да се изнајде решение на спорот за името. Затоа ги продолжуваме нашите напори да изнајдеме заемно прифатливо име, за сите употреби, ерга омнес, кое нема да остави сиви зони и ќе дозволи јасно разграничување меѓу нашата соседна земја и регионот Македонија во северна Грција, истакна Венизелос.
Венизелос истакна дека вакво решени ќе и ги отвори вратите на Македонија од евроатланските институции и ќе придонесе кон напредок на целоит регион.
Тој го поздрави договорот меѓу Србија и Косово, оценувајќќи дека решениетоќе ги води двете земји поблиску кон Европската Унија.
Во својот говор, Венизелос најмногу се задржа на поделениот остров Кипар, во кој Грција и Кипар ги попречуваат турските преговори за членство во Унијата.
Грчкиот министер зборуваше и за економската криза во Грција, истакнувајќи дека по шест години рецесија Грција ги завршила структурите реформи и тешките жртви на нејзините граѓани, и очекува подобри денови. Според Венизелос, економската криза придонела за подемот на расизмот и ксенофобија во земјата.