И вработен во ЕВН повреден во пожарот во Штип - еве ги деталите

Во страотниот пожар кој избувна денеска во центарот на Штип, покрај повредениот пожарникар, повредено е уште едно лице, работник на ЕВН.

Како што пренесува МИА, пожарот зафатил три куќи, лоцирани зад Трговскиот центар „Кубус“. На местото на настанот веднаш пристигна противпожарната единица, а при справувањето со пламените јазици, пожарникар падна од покривот на една од куќите и се здоби со набиеници на главата, градите, рацете и на нозете, при што веднаш беше пренесен во болница, а сега за среќа е надвор од животна опасност.

По падот на пожарникарот, во рок од пет минути од електричен столб паднал и вработен на ЕВН, кој се обидувал да го исклучи електичното напојување во двете опожарени куќи. Вработениот од ЕВН е на Одделението за ортопедија и е исто така надвор од животна опасност.

Засега уште не се знае од кои причини настанал пожарот во чие гаснење учествуваат 25 пожарникари.

 

27.09.2013 - 16:31
Фото: 
Денешен

најчитано сега