Детали за тешката несреќа во Македонија: Повредени 11 лица, дел итно на Ургентен

Околу 14.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломите, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири моторни возила - „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.М.(64) од Гостивар, минибус „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван Л.Р.(50) од Охрид, „Фолксаваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(51) од Кичево и патничко возило „Рено меган“ со дебарски регистарски ознаки, управуван Т.К.(39) од Дебар.

Во незгодата, возачите на возилото „голф“ и минибусот, како и сопатник од „голфот“ и осум патници од минибусот, на возраст од 20 до 76 години, се здобиле со повреди и биле пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

По укажаната лекарска помош, возачот на „голфот“ С. М. и патникот од минибусот М.З.(44) од Охрид, биле префрлени на скопските клиники, додека другите биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега