Полицијата запре возило на патот Штип-Велес: Три лица приведени

 

На излезот од Штип кон Велес, вчера околу 16.25 часот полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А. (30), П.Р. (27) и Е.П. (30), сите од Скопје.

Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот. Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип.

По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега