Арачиновец баран за соучество во убиство заврши зад решетки

Кумановската полиција успеа да расчисти случај на убиство кое се случи пред помалку од една година на улицата 11 Ноември, пред зградата на Итната помош во Кумановово.

24-годишниот С.А. од Арачиново заврши зад решетки, како соучесник во убиството во кое Б.А. од Куманово со девет истрели од пиштол го уби 31-годишниот Е.Љ од селото Опае.

Мотив за убиството, како што соопштува кумановската полиција, се претходно нерасчистени односи.

Засега уште две лица кои се наоѓаат во бегство. 

25.09.2013 - 16:23

најчитано сега