На референдум граѓаните на Македонија ќе одлучуваат дали да се гради нуклеарка
Ги следиме процесите но немаме одлука да градиме нуклеарна централа. Вицепремиерот Пешевски вели, за такво крупно прашање ќе одлучуваат граѓаните на референдум. Со земјите од регионот се разгледувала можноста за заедничка соработка во делот на нуклеарната енергија. Од наша страна веќе била формирана група која е вклучена во истражувањата, го надградува знаењето и ги следи трендовите за производство на електрична енергија.
Во изминатите две години воспоставивме соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во делот на почетните сознанија кои една држава треба да ги има за нуклеарната енергетика. Тоа не е знак дека Македонија се вклучува во нуклеарната енергетика и дали има донесено таква одлука, туку дека на одговорен начин правиме потребни анализи со цел во даден временски период од неколку години да можеме да дадеме одговор на прашањето, а особено од аспект на регионот, изјави вицепремиерот Пешевски.
Од меѓународната агенција за атомска енергија велат дека регионот сеуште не е подготвен за изградба на нуклеарка. Ниту инфраструктурно ниту финансиски.
Ние немаме никакви сознанија дека во овој регои ќе се изгради нуклеарна централа. Има земји кои се подготвуваат за тоа во смисла на техничка подготовка и разбирање на сите можни опции, како и изградба на неопходните кадри. Една од нив е и Македонија. Во регионот имаме земји кои веќе имаат нуклеарни централи како што се Бугарија, Словенија и Хрватска, како и земји кои се подготвуваат да ги прошират своите нуклеарни капацитети вели првиот човек на МААЕ, Иван Виденовиќ.
Во регионот веќе има нуклеарка која ја менаџираат две држави. По Кршо од атомска централа струја произведува и Бугарија. На денешната работилница била препознаена можноста за нова соработка меѓу државите од регионот, бидејќи малите држави немаат финансиски, инфраструктурни и стручни капацитети за сами да реализират толку скапи проекти.