Заев: Нема да се кандидирам за претседател
Премиерот на Македонија Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање кажа дека нема намера да се кандидира за претседател на Македонија.
„Не, не би прифатил. Мислам дека треба да се истрае цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се доврши овој процес во кој се наоѓаме. Јас мислам дека има многу подобри кандидати од мене“, рече Заев.
27.11.2018 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа