Возел мртов пијан: Полицијата го запрела со 4,25 промили алкохол во крвта

Полицијата во Дубровник во петокот запрела возач кој управувал автомобил со неверојатни 4,25 промили алкохол во крвта. Хватските медиуми пишуваат дека 46 годишниот маж бил запрен во попладневните часови. По мерењето на концентрацијата на алкохол во крвта, полицијата била шокирана. Од таму за хрватските медиуми велат дека 4 промили е границата на смртоносна концентрација на алкохол во крвта, па оттука, се чудат, како воопшто преживеал човекот.
Концетрацијата од 4,25 промили алкохол може да доведе до ослабување на рефлексот, губење свест и да го парализира центарот за дишење, што предизвикува смрт, пишуваат хрватските медиуми

23.09.2013 - 22:54

најчитано сега