Жалбите од пресудите од „Метастаза“ денеска пред Апелација
Денеска во Апелацискиот суд во Скопје е предвидено да се одржи јавна седница на која ќе бидат разгледани жалбите на првостепената пресуда за случајот „Метастаза“, во кој се обвинети 38 лица - лекари, службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Обвинетите во „Метастаза“ се товарат дека формирале злосторничка група која издавала лажни дијагнози и земала мито за неосновано да додели инвалидски пензии. Нивната одбрана смета дека доказите биле неосновани.
Судскиот процес за 38-мината обвинети во „Метастаза“ траеше две години. Судот донесе 21 условна казна, од една односно 1 и пол година и 17 затворски казни од една до три години. Судот им забрани на сите обвинети лекари да учествуваат во Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност.