Утре „Појадокот на мост“ ќе ги затвори Камениот и мостот Око

Утре на Камениот мост и мостот Око од 9 до 11 часот ќе се одржи по четврти пат, „Појадок на мост”.

Заради подобра организација на овој настан, во сабота од 18 часот до 13 часот в недела, двата моста ќе бидат целосно затворени за граѓаните на Град Скопје, информираат организаторите.

На настанот в недела граѓаните мора да го понесат со себе и бесплатниот билет.

Инаку, настанот е во организација на Град Скопје, во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.

21.09.2013 - 11:56
Фото: 
Евести

најчитано сега