Уживајте во сончевиот викенд

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, а доцна попладне и кон крајот на денот ќе дојде до постепено зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во Повардарието постепено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

21.09.2013 - 10:02

најчитано сега