Наставничка тврди: Ме претепа градоначалникот на Зелениково

Наставничка од основно училиште вчера околу 12 часот пријавила дека ја претепал градоначалникот на општина Зелениково по што завршила во болница.
Според нејзината пријава, таа вчера отишла во општината за да побара прием кај градоначалникот но тој вербално ја нападнал и ја избркал од канцеларијата нагмечувајќи ја со вратата.

„На 04.09.2018 година околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата. Пријавителката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски" побарала медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ – велат од МВР.

 

Нема информации какви повреди имала жената.

 

 

 

05.09.2018 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега