Арсовски: Власта во нов скандал тежок 7,5 милиони евра - зад кампањата за референдумот договори во 4 очи

Нема ден да помине, во оваа криминогена влада предводена од Зоран Заев, а да не излезе нов скандал и сомнежи за криминал, порача Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниот во низата е сомнителната набавка во Министерството за образование и наука каде во 4 очи се доделени 27 договори во вкупен износ од 7,5 милиони евра. Внимавајте, 7,5 милиони евра за кои немало објавување на оглас во рок од три дена. Имено во периодот од 14 до 16 август под превезот на агресивната кампања за референдумот која што во моментов ја води Владата на СДСМ, 7,5 милиони евра народни пари се потрошиле без наддавање, без тендер со јасни критериуми. Кој е одговорниот што задоцнил со распишување на тендер за набавка на учебници и колкава е разликата во цена, односно колку повеќе пари на граѓаните се испумпани од буџетот за оваа намена?“ изјави Арсовски.

Сега е комплетно јасно, според Арсовски, дека криминалниот картел на власт го укина бирото за јавни набавки за да може вакви големи зделки да поминуваат глатко во крајно сомнителни постапки.

 

„Ова е методологијата на власта на Зоран Заев и на СДСМ, а тоа е арамилак на секој чекор, сомнителни тендери, иновативно испумпување на народни пари во фирми на партиски функционери од власта, урнисување на секоја област во државата и осиромашување на Република Македонија и граѓаните на Република Македонија. Ова се реформите кои ги ветуваше СДСМ во образованието пред изборите, да се делат милиони во 4 очи. Наместо да се инвестира во иднината на младите очигледно се инвестира во сомнителните зделки. На грбот на децата се богатат фирми со сомнителни договори. Вака СДСМ ги замислува и практикува европските вредности“ додаде Арсовски.

 

Заради ваквите матни бизниси, вели Арсовски, државата ни тоне, економијата крахира, здравството и образованието ни е во колапс.

 

 

 

04.09.2018 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега