Бесими на средба со италијанскиот колега Миланеси

Денеска во Рим видепремиерот Бесими се сретна со италијанскиот министер за европски прашања Ензо Моаверо Миланеси и со заменик претседателот на Собранието Марина Серени.

- Имајќи ги предвид резултатите постигнати во изминатиот период очекуваме напредокот соодветно да биде забележан во есенскиот Извештај на ЕК, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска на средбата во Рим.

- Убеден сум дека Италија како искрен пријател на нашата земја ќе продолжи да ја  поддржува европската интеграција на Македонија, рече Бесими.

Бесими истакна дека во изминатиот период се покажани значајни резултати во различни области во активностите за реформи во поглед на остварувањата на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Вицепремиерот Бесими информираше и за заклучоците и препораките од Извештајот кој го усвои ад хок Комисијата за настаните од 24 декември, како и за потпишаниот Меморандум за поддршка на членството на Република Македонија во Европската Унија, кој го потпишаа политичките партии, а кои како обврска произлегуваат од договорот од 1 Март.

 

19.09.2013 - 16:05

најчитано сега