На домашниот пазар нема небезбедна храна за доенчиња од "Бебивита"

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска по спроведените контроли констатираа дека на домашниот пазар не е увезена храна за доенчиња од спорните небезбедни пратки на производителот Бебивита.

Агенцијата веднаш спровела контрола на пазарот и покрaј тоа што досега немаат добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни, дека производите „Бебивита преработена храна на база на житарки - млечна кашичка од гриз за доенчиња по навршени 6 месеци“ (MAN 751434), со ознака на шаржата: 140790 и рок на траење до 30.09.2014 година се небезбедени.

- Агенцијата за храна и ветеринарство преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија, секојдневно добива известувања за навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за животни, со цел преку брза и ефективна размена на информации, доколку се јави потреба, веднаш да се реагира преку преземање на потребните мерки за безбедност, велат од Агенцијата. 

19.09.2013 - 15:38