Охридско: Убиената мајка на две деца најдена со кеса врз главата

Жената, инаку мајка на две малолетни деца, што била пронајдена мртва вчера попладне во охридско Велгошти имала најлонска вреќа врз главата. Првичните информации укажуваат на убиство.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на смртта.

Вчера, по 17 часот се случило убиство во охридското село Велгошти, јавуваат локалните медиуми.

 

Веста ја потресе охридската јавност, a според првичните информации, станува збор за мајка на две деца, на возраст од околу 40 години, која била брутално убиена во нејзиниот дом.

Наскоро се очекуваат детали за убиството. Мотивите се уште не се познати.

 

 

 

01.09.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега