ДИК со официјални податоци: Излезноста во Чаир до 13. часот 20,86%, гласањето мирно

 

Гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори се одвива непрекинато и без проблеми и дo 13 часот на гласање излегле 20,86 процнти од запишаните избирачи.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес-конференција информира дека до 13 часот од вкупо запишани 719 избирачи на гласање излегле 150, односно 20,86 отсто. Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.

Следната прес-конференција на ДИК е во 18 часот. На неа ќе се соопштат податоците за излезноста на гласачите до 17 часот, како и ажурурани информации за текот на гласањето.

На таа прес-конференција ќе соопштат и дали ќе имаат следна прес-конференција. 

 

 

 

12.11.2017 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега