Силно невреме на истокот од Македонија: проблеми на патот кон Делчево

Дождот што го зафати регионот на Пијанец резултираше со појава на одрони на магистралата Делчево - Македонска Каменица. Одроните се најзабележливи на потегот од село Очипала до село Илиово.
 
Од ЈП "Македонија пат" апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.
 
- Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сепак поради дождот и можната повторна појава на одрони апелираме возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од ЈП "Македонија пат".
 
Слична појава на одрони како што информираат од „Македонија пат“ е забележлива на местата кои поминуваат низ клисури
 

 

 

31.08.2018 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега