Утре ќе се прска против комарци во Скопје
Третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, додека четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне в понеделник, информираат од Град Скопје.
- Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција против ларви од комарци во текот на денот. Терестричната дезинсекција, пак, против возрасни форми на комарци, ќе почне в понеделник и ќе заврши најдоцна до петок на 7 септември, соопшти Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Градските власти ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа