Директорка на градинка ставила отров во јогурт - починаа две девојчиња
Кинеската полиција уапсила директорка на градинка и нејзиниот помошник, oткако две девојчиња од конкурентската градинка починале од јогурт во кој имало отров за глувци.
Девојчињата од пет и шест години нашле јогурт на пат кон градинката, го испиле и починале. Директорката на градинката и нејзиниот помошник признале дека ставиле отров за глувци во јогурт и го оставиле на улица за да ја уништат репутацијата на конкурентската градина.
Неименуван наставик изјавил дека овие убиства се последица од непостојаниот надзор во градинките.