Видео: Таа го преживеа страшниот земјотрес - бебето Рефи спасено од рушевини на џамија

Од рушевините на амија која е оштетена во силниот земјотрес на островот Ломбок во Индонезија, војниците извлекле уште едно лице.

На видео снимките се гледаат војници и спасувачи кои извлекуваат маж со бела капа од под срушениот кров на џамија.

Агенцијата Кјодо наведува дека во џамијата во селото Ладинг Ладинг на северот од Ломбок, во тек била молитва кога земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтерова скала, го погодил островот во неделата. Во тој разорен земјотрес загинале 104 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.

Една од среќничките кои успеале да преживеат е и десетмесената Рефи. Малото девојче сега е под будното око на докторите кои се грижат за неа во болницата во Таџунг.

Стотина туристи и работници и понатаму се обидуваат да го напуштата Ломбок каде нема електрична енергија и акде хотелите и хостелите се оштетени. На локалниот аеродром бројни туристи спијат на под додека чекаат летови.

 

 

 

 

07.08.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега