„Дај ми пари или ќе завршиш во гепек“ - вистински хорор во домот на млада охриѓанка

Охридската полиција поднесе кривична пријаца против 39 годишниот Србин Д.К., откако на почетокот на месецов вербално и физички нападнал охриѓанка.

Според информациите од МВР, Србинот насилно влегол во собата на 35 годишната охриѓанка С.Ф. и почнал вербално да ја напаѓа. Тој барал пари од неа, заканувајќи и се дека ќе заврши во гепек. Во еден момент, охриѓанката го земала мобилниот телефон за да повика полиција, но, тој грубо и го одзел  и го фрлил на страна.

Врискањето и повиците за помош на охриѓанката конечно стигнале до нејзиното семејство. Кога тие влегле во нејзината соба, Д.П избегал од станот. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.

 

18.09.2013 - 11:22

најчитано сега