Штрајкуваат медицинските сестри и лекарите во Хрватска

Членовите на хрватските Синдикати на лекари и медицински сестри од денеска стапија во штрајк во болниците, барајќи нов колективен договор со кој би им се зголемиле износите на додатоците за прекувремена работа и дежурства.

Штрајкот започнал денеска во седум часот и е организиран од Хрватскиот синдикат на лекари кој има 4.500 членови и Хрватскиот синдикат на медициснки сестри-медицински техничари со 12.000 членови и ќе трае до исполнување на барањата.

Хрватските медиуми  велат дека во штрајкот ќе учествуваат 70 отсто од болничките лекари и сестри односно повеќе од 46.000 здравствени работници.

Тие бараат и враќање на додатоците на плата кои ги загубиле со судското поништување на поранешниот колективен договор во јуни како и плаќање за прекувремена работа во согласност со хрватските и европски закони.

 Вработените во примарното здравство и итната медицинска помош работат нормално. Министерството за здравство најави дека внимателно ќе го надгледува функционирањето на системот за време на штрајкот.

18.09.2013 - 09:59
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега