Велигденска изложба во Делчево

Во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево е отворена групна ликовна изложба на цртежи со библиски мотиви по повод Велигденските празници.

На велигденската изложба се поставени педесетина цртежи од млади автори, ученици во двете општински основни училишта „Свети Климент Охридски„ и „Ванчо Прке“.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански, кој  во име на организаторот, единицата на локалната самоуправа, на авторите на најдобрите слики им врачи награди и признанија.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај.

ФОТО: Региони.мк

најчитано сега