Кејт и Меган заедно на Вимблдон - ги освоија стилистите

Кејт Мидлтон и Меган Маркл денес во Лондон ќе го гледаат женското финале на Вимблдон во кое ќе игра Серена Вилијамс, блиска пријателка на војвотката од Сасекс.

Ова е првпат јатрвите да се појават заедно јавност, а да не се придружувани од нивните мажи, принцовите Вилијам и Хари.

Меган и Кејт пристигнаа на Вимблдон пред еден час, пишува „Мирор“ и тие најпрво се сретнаа со некои момчиња и девојчиња што ги собираат топчињата, а потоа и со неколку поранешни шампионки на четирите Гренд слем турнири.

Стилистите, пак, го прокоментираа стилот на двете жени. Напишаа дека ни овој пат не потфрлиле со изборот на облека, Кејт со едноставниот бел фустан со ситни набори и Меган со белите панталони во комбинација со кошула.

 

 

 

14.07.2018 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега