Повлечени од продажба цела серија „Ева“ сардини

Подравка објави дека ja повлекува од продажба „Ева“ сардинata со лук и магдонос во пакување од 115 грама со рок на употреба до 9 јули 2017 година поради утврдено физичко оштетување на конзервата што може да доведе до набабрување.

Sтанува збор за серијата 09072013 со рок на траење до 9 јули 2017 година, на кои внатрешната контрола забележала физичко оштетување на конзервата што може да предизвика нивно расипување, soop[tuvaat od kompanijata.

Подравка објави дека ја повлекува спорната серија сардини Ева и ги повикува потрошувачите кои евентуално имаат набавено сардини од оваа серија да се јават на бесплатниот телефон за потрошувачи на компанијата. 

17.09.2013 - 10:17

најчитано сега