Што се случува со телото кога пиете шеќер и вода, но и кои се придобивките

Докажано е дека јаглехидратите го подобруваат атлетскиот перформанс и издржливоста. Токму поради ова можете да најдете разни енергетски пијалаци, ужини и шејкови во теретаните и спортските продавници. Но што ако сите нив ги замените со вода со шеќер? Обично ја примаме дневната доза шеќер преку безалкохолни пијалаци. Сепак, тие не се секогаш најдобриот избор за нашето тело.

Кога консумирате вода со шеќер, телото ги апсорбира молекулите на шеќерот во крвта и ги носи до клетките каде што се претвораат во енергија.

Сахарозата, молекулот кој се наоѓа во шеќерот купен од продавница, се апсорбира многу побрзо од другите видови шеќер.

 

Истражувањата покажале дека релативно едноставните состојки на водата со шеќер можат да бидат подобар извор на енергија од засладените пијалаци.

Водата со шеќер има уште повеќе придобивки за луѓето кои тренираат редовно или професионално.

Додека сите јаглехидрати помагаат во обновувањето на енергијата за време на вежбање, разликата е брзината со која се обновува енергијата.

Многу спортски пијалаци содржат комбинации со гликоза кои предизвикуваат мачнина.

Научниците откриле дека атлетичарите кои консумираат вода со шеќер искусиле побрзо закрепнување за разлика од оние кои консумирале енергетски пијалаци.

Па, ако трчате маратон или сакате да се чувствувате подобро, најдобро е да ги замените купечките пијалаци со домашно направена вода со шеќер.

 

 

 

 

10.07.2018 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега