Нападнат полицаец во Велес - едно лице уапсено

Вчера во 04:40 часот во хотел во Велес, при преземање на мерки од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, а по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир од страна на 43-годишниот А.П. од Велес, истиот одбивал да се легитимира и при обидот за приведување давал активен отпор и удрил полициски службеник. 

А.П. бил приведен во полициска станица. Известен е Јавен обвинител и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

 

09.07.2018 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега