Дарко Тасев: Влатко ни беше како син, го чекавме денес на палачинки

Познатиот музичар Дарко Тасев за „Женски магазин“ ја отвори душата и раскажа многу работи за пејачот Валтко Илиевски. Валтко и Дарко беа големи пријатели, а и соработници.

-Шокирани сме. Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати слики и песни од Белград. Линкови од Били Ајдол и од „Бон Џови“. Имаше сериозни планови врзани за музиката. Сакаше да се врати со препознатливиот урбан звук, беше уморен со песните да и се додворува на публиката. Последен пат го видов завчера случајно на улица. Изгледаше нормално. Влатче ни беше втор син, го чекавме денес на палачинки – раскажа Дарко.

-Го чекавме да заѕвони, јас веќе како по традиција се подготвув впалачинки да вртам. Се слyшнавме пред два дена, ќе остане тајна за што зборувавме. Тео го чека неговиот постар откачен брат. Бони, нашето куче, цел ден чека пред врата и тој плаче како да знае.. Пиевме пиво за ручек и кроемве планови кога да одиме на ќебапи. Неговите најголеми љубови ги носеше кај нас дома, сакаше да биде сигурен дека ја бендисал вистинската. Душа од човек, убавец наш. Знаевме за проблемите во кој западна, но бевме убедени дека е тоа само една лоша епизода-вели сопругата на арко Тазсев за „Жеснски магазин“.

 

 

 

07.07.2018 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега