Прометот на индустријата бележи пораст

Државниот завод за статистика денеска објави дека во месец јули годинава прометот во индустријата во однос на јули лани бележи пораст од 6,7 проценти. На домашниот пазар има опаѓање од 8,8 проценти, а на странските пазари пораст од 15,6 проценти.

Гледано по сектори, прометот во Рударство и вадење камен бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6,8 отсто, а според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергијата за 315,1 отсто и Капитални производи за 119 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто.

Во однос на јуни индустријата бележи пораст од 4,5 отсто, додека во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период лани за 6,9 отсто.

16.09.2013 - 14:43