Рибари налетале на нешто необично среде морето: Кога се доближиле ги затекнала неверојатна глетка (видео)

Рибарите Малори Хариген , Клиф  и Алан Расел, пловеле по Лабрадорското море во Канада кога случајно згогледале нешто невообичаено.

На врвот од еден леден брег кој се наоѓал среде море, имали нешто необично, а кога се доближиле до брегот забележале  поларна лисица. Била гласдна, мокра и преплашена.

„Веројатно се нашла на брегот во потреге по храна, здогледала нешто и тргнала по него а во тој момент веројатно ледената карпа се одвоила од брегот и се одалечила во морето“ рекле рибарите.

Рибарите виделе дека на лисицата состојбата и е лоша па одлучиле да ја спасат.

„И покрај тоа што се обидувавме да ја спасиме таа бегаше од нас, се исплаши. Поради тоа  го искршивме ледот и се обидовме со сите сили да ја качиме на бродот“ рекле троцата рибари.

Кога успеале во својата намера и направиле кревет и ја загреале.

„Беше премногу слаба, па спиеше додека да стигнеме до брегот. На почетокот не сакаше да јаде, но на крајот успеавме да и дадеме малку храна, објасниле рибарите, кои додаваат дека после опоравуваето на лисицата ја пуштиле назад во дивната. 

 

 

 

05.07.2018 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега