Македонската пејачка ограбена на Клинички: „ Нека задржат се вредно, нека ми ги вратат спомените“

Македонската пејачка Кристина Арнаудова се најде во непријатна ситуација – стана  жртва на крадци.

Имено, пејачката вчера била на државна клиника заедно со нејзината баба, а непознати лица ја искористиле приликата и и ја украле чантата на пејачката.

Таа својот револт фо искажа на социјалните мрежои и напиша:

„Вчера додека бев на државна клиника, и ја сместувавме мојата болна бабичка во соба, ми беа украдени ташната која внатре имаше телефон бел Samsung Note 4 со скршен екран (што значи речиси нема вредност),  голем црвен паричник, внатре имаше околу 9000 денари, и еден куп картички, лична карта и милион спомени… Два пара очила, Toxit и Celine…Ако некој налета на нив, ве молам нека ме контактира во порака. Кој и да ги земал, слободно нека ги земе парите, наочарите, се што мисли дека му е вредно…само нека ми ги врати спомените, кои навистина ми значат….Ќе го наградам плус!“ –  стои во објавата на пејачката.

 

 

 

29.06.2018 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега