Циклонот Силвија носи обилни врнежи: Вечерва не очекува „потоп“ и ниски температури

Во текот на оваа ноќ под влијание на моќната Силвија насекаде ќе има врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат поинтензивни особено во јужната половина на државава каде локално ќе наврне значително количество на воден талог и тоа за кратко време (над 50/м2).

Ќе биде невообичаено свежо за овој дел од годината со далеку потпросечни температури на воздухот за овој летен дел од годината, така во текот на ноќта температурите ќе се движат во интервалот од 8 до 15 степени.

Мала е веројатноста, но сепак да не ја исклучиме а тоа е дека на највисоките планински врвови од државава ( над 2500 метери) може да провее малку снег.

Врнежливо на повеќе места како и со невообичаено ниски температури на воздухот за овој летен дел од годината ќе се задржи и утре (четврток).

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот само од 14 до 21 степен.

 

 

 

 

27.06.2018 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега