Нема настрадани македонски туристи од невремето во Грција

Според информациите добиени од полициските органи на Грција, а во врска со невремето што ја зафати Грција, нема пријавени случаи за настрадани македонски државјани, соопштуваат од Генералниот конзулат на РМ во Солун.

И според надлежните полициски служби на „Халкидики“ не биле пријавени такви случаи. Истите информации се проверени и со некои туристички оператори присутни на подрачјето кое го покрива Генералниот Конзулат во Солун.

 

 

 

 

27.06.2018 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега