За колку време автомобил паркиран на сонце достигнува смртоносна температура - ова се резултатите

Сeкоја година се забележуваат неколку случаеви на деца или домашни миленичиња кои умираат поради преголемата топлина во автомобилите, а научниците од Аризона после експериментот докажале дека опасната температура во возилото може да се постигне после еден час пржење на сонце, но и дека опасност претставува паркирање под сенка.

Телесната температура на двегодишно дете оставено во автомобил може да порасне до 40 степени Целзиуосви после еден час, а тоа може да доведе до топлотен удар, тврдат научниците од Аризона Стејт Универзити кои поминале низа испитувања на температури помеѓу 36 и 41 степен за да утврдат колку брзо возилата може да се загреваат. За тоа користеле 6 различни автомобили по боја и големина, кои ги паркирале на сонце. Се покажало дека помалите возила исклучително побрзо се загреваат, а после еден час во нив температурата е над 47 степени.

Под сенка температурата достигнува до 40 степени, но после 2 часа е еднакво опасна како и на сонце, покажува истражувањето.

Дишењето во автомобил создава додатен ефект поради зголемената влага во воздухот, поради што потешко се разладува.

 

 

 

08.06.2018 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега