Каде во домот треба да се чува фигурата желка - на овој начин заштитете се од несреќа, сиромаштија и луѓе

На сите им е познато дека фигурата слон носи среќа, жабата пари, но дали сте знаеле колку е моќна фигурата желка?

Имено, за да го заштитат домот од негативни влијанија, многу луѓе користат техника фенг шуи за да привлечат добра енергија и благосостојба, а во тој случај задолжително во домот треба да имате фигура елка.

Се советува оваа фигура да ја ставите во најдалечниот агол од куќата во однос на вратата или во дворот за да ги заштитите домашните од лоши чувства и луѓе.

За да напредувате на работа, фигурата ставете ја на местото во канцеларијата на кое сте му свртени со грб.

Ако сакате стабилни односи во домот тогаш желката од камен ставете ја во западниот дел од домот и свртете ја кон влезната врата.

За сите во домот да се здрави, желката ставете ја во источниот дел од дневната соба, а ако патите од несоница желката треба да заземе мал дел и од спалната соба.

 

 

 

07.06.2018 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега