Најдобар начин како туш кабината да ви изгледа како нова - со ова купатилото ќе блеска

Сигурно и на вас чистењето на купатилото ви е најдосадната работа низ дома. Без разлика колку го чистите, по кратко време, тврдокорните дамки од сапун и трагите од вода повторно се појавуваат.

Со употреба на природните производи за чистење како што се киселината и сода бикарбоната постои помала веројатност за надразнување на кожата и создавање на дишни алергии отколку при користење на купечките, хемиски средства. Затоа ви предлагаме да направете домашно и ефикасно средство, за кое ви се потребни само 2 состојки кои сигурно ги имате во кујната.  А истовремено ќе заштедите пари, време, но ќе имате и совршено чисто купатило.

Состојки:

1 чаша детергент за миење садови

½ чаша сода бикарбона

Подготовка:

Во сад ставете го детергентот за садови и додајте ја содата. Измешајте убаво за да добиете паста. Садот поклопете го со капакот и пастата користете ја по потреба.

Пастата нанесете ја врз валканата површина и оставете да делува неколку минути. Потоа пребришете ја површината и добро исплакнете.

Оваа комбинација добро ги отстранува тврдокорните дамки, па дури и ‘рѓата. Можете да ја користите за чистење на сите делови од вашето купатило, особено за туш батеријата, туш кабината и керамиката.

 

 

 

07.06.2018 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега