Лани го добија 20-то дете и рекоа „доволно е“, а потоа животот им подготви неочекувано изненадување

Најголемото семејство во Англија, минатата година го доби 20-то дете, а 41-годишната Су Радфорд сега го чека 21-то, иако 20-то дете, синот Арчи го роди во септември минатата година.

Иако тогаш кажа дека тоа ќе биде последна бременост за неа, сега очекува девојче.

-Драго ми е дека приказната со раѓањето ја завршивме со така убав кружен број, изјавила тогаш Су.

Брачниот пар Морекамбе првпат се сретнал кога Су имала 7 години. Првиот син го добиле кога Су имала само 14 години. Таа и нејзиниот 4 години постар сопруг Ноел, инаку сопственици на семејна пекара, не планирале толку големо семејство.

Ново бебе сега ќе се приклучи на семејството во кое се веќе Кристофер (28), Софи (24), Џек (21), Данијел (19), Лук и Мили (17), Кејти (15), Џејмс (14), Ели (12), Ејми (11), Џош (10), Макс (9), Тили (7), Оскар (6), Каспер (5), Хејли (3), Фиби (2) и најмладиот Арчи кој има 9 месеци. На Арчи минатата година браќата и сестрите му дале име, бидејќи родителите веќе немале идеја.

Како најголемо семејство во Англија, тие живеат во една голема куќа која некогаш била дом за стари и немоќни. Имаат 10 спални соби, немаат кредити, а секоја година сите заедно летуваат со тоа што внимателно ги планираат сите трошоци и однпаред одвојуваат буџет за роденденските и божиќните подароци. За секој роденден одвојуваат по 100 фунти, а за секој Божиќ по 250.

На Ноел му било предложено да направи вазектомија, но тој не се согласил. Су и Ноел веќе станаа дедо и баба, бидејќи нивната најстара ќерка Софи минатата година доби дете.

 

 

 

07.06.2018 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега