Три едноставни вежби за тенок струк и рамен стомак

Со три едноставни вежби за струк и областа околу стомакот ќе ги согорите вишокот на килограми, и ќе се осеќате позадоволни.

Зајакнување на горните стомачни мускули

Легнете на подот. Повлечете ги стапалата поблиску до себе и ставете ги рацете позади главата. Подигнете се така да лактите ви ги допираат колковите. Повторете ја вежбата во две серии по 15 минути, а подоцна можете да го зголемите бројот на повторувања кога ке осетите дека мускулите станале посилни.

За долните стомачни мускули

Останете на подот и легнете рамно. Потпрете се со дланките и кичмата цврсто на подлогата. Подигнете ги нозете и цело време држете ги исправени. Потоа спуштете ги до подот и повторно подигнете ги. Повторете ја вежбата две серии по 15 пати.

Странични стомачни

Легнете на страна потпирајќи се на лактите. Потоа потпрете се и на стапалата и подигнете се како да правите страничен мост. Останете во таа позиција 60 секунди. Ако сакате поголемо оптеретување подигнете ја слободната рака и одвоете ја слободната нога од другата.

 

 

 

04.06.2018 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега