Четири бои што никако не смеете да ги носите ако сте гости на свадба

Ако сте поканети на свадба, тоа не значи дека треба да бидете во центарот на внимание и да „бодете“ очи со изборот на облека.

Еве неколку совети што треба да избегнувате ако сте поканети како гостин на свадба.

Да почнеме со очигледното. Се мислите да го облечете штотуку купениот бел фустан? НИКАКО! Ова е правило број еден, дека не смеете на туѓа свадба да носите бело. Има милијарди други бои на светот, нели?

Шампањ боја
Светла, не чисто бела, туку боја на шампањ или било која друга многу светла боја која наликува на бела треба да избегнувате, затоа што штом се намалат светлата некому може ќе му се пристори дека сте невестата. А тоа не смее да се случи.

Бојата на деверушите
Распрашајте се дали на свадбата ќе има деверуши облечени во исти фустани, и доколку да, која би била бојата, за да знаете да ја избегнете.

Светки, светки насекаде
Светкавиот фустан сочувајте го за следното излегување во град. Избегнувајте да носите нешто премногу светкаво или дречливо. Сите погледи треба да бидат кон невестата, а вашиот изглед на „диско топка“ можеби ќе го уништи нејзиниот момент кога треба да блеска.

 

 

 

31.05.2018 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега