Средба Тошковски - Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал.
Министерот Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на опремата. Министерот Тошковски ја потенцира решителноста за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција, како еден од основните столбови на новата Влада, како и потребата од градење модерна полициска служба која доследно ќе ги следи начелата на демократско полициско работење, но и служба која ќе се базира на начелото на заслуги и интегритет.
Осврнувајќи се на неколку поенти како главен фокус на активностите на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вал ја потенцира посветеноста и заложбата на мисијата на оваа меѓународна организација за унапредување на работните процеси во министерството, во содејство помеѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ. Министерот Тошковски и амбасадорот Вал потенцираа дека и во иднина соработката и комуникацијата ќе биде на високо ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа